Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска
СПОРТ

Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска

Објавено January 15, 2026 08:43
Сподели
Сподели

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали.

Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година.

На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти пат откако беше воведен проширениот формат на натпреварувањето. Трите домаќини – Данска, Норвешка и Шведска – обезбедија директен пласман, како и Франција, актуелниот европски шампион, додека преостанатите селекции го освоија своето место преку квалификациите што траеја од јануари 2023 до мај 2025 година.

Натпреварите ќе се играат во неколку градови домаќини, а финалето на Европското првенство е закажано во Хернинг (Данска).

Репрезентациите се поделени во шест групи од по четири екипи, по што ќе следат главната рунда, полуфиналето и натпреварите за медали.

Покрај борбата за титулата европски шампион, ЕХФ Евро 2026 има и дополнително натпреварувачко значење, бидејќи првенството ќе служи како квалификациски турнир за Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се игра во Германија, како и за следните големи меѓународни натпреварувања.

Титулата ја брани Франција, која на претходното Европско првенство ја победи Данска во финалето со резултат 33:31 по продолженијата, во еден од највозбудливите завршници во историјата на ова натпреварување.

На ЕП 2026 учествува и македонската репрезентација. За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат. Најдобар пласман Македонците го имаа на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.

Својот прв настап избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат утревечер (20:30 часот) против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несудениот амбасадор на Трамп во Србија умре од срцев удар
Следна Статија Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион

Македонската прволигашка сцена новата сезона која стартува во петок (8 август) ја почнува и со имплементиран ВАР-систем кој за првпат…

August 6, 2025
СПОРТ

Лион ја потврди финансиската стабилност пред УЕФА, можно е да остане во Лига 

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион објави дека успешно ја завршил постапката за финансиска ревизија со УЕФА, што му овозможува да учествува…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија е втората најслаба „карика“ во европската електрична мрежа, пред неа е само Албанија

Нова студија ги наведува слабите точки во европската електрична мрежа, бидејќи геополитичките предизвици и климатските промени ја тестираат инфраструктурата на…

September 25, 2025
СПОРТ

(Видео) Магијата на Меси на -15 степени во Канзас

Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Спортинг Канзас Сити со 1:0 со голот на Лионел Меси. Аргентинецот по којзнае кој…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?