Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада…
ЕКОНОМИЈА

Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада…

Објавено March 29, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови. На 2 април стартува летот на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, а од 3-ти мај, „Виз ер“ од Барселона и Лион. Од Охридскиот аеродром, пак, шест авиокомпании ќе летаат на седум редовни линии, а ќе има и чартер лет од Манчестер.

Од ТАВ Македонија за МИА велат дека со летниот ред на летови имаат многу новости за патниците.

Следната недела, на 2 април ќе го пречекаме првиот лет на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот во Париз Орли е управуван од Групацијата АДП (Groupe ADP), групација во која ТАВ Аеродроми е членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови, изјави за МИА Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Следни нови линии што ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром Скопје, од 3-ти мај, се Барселона и Лион, со Виз Ер. Тоа, посочува Курт, е уште една одлична вест за патниците на скопскиот аеродром, особено во однос на повторното воведување на авиолинијата до Барселона, бидејќи е многу барана дестинација за патување.

До почетокот на летната сезона на летови Меѓународниот аеродром Скопје доби две нови авиокомпании и две нови дестинации – „Трансавиа“ и „Изиџет“, додека аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид како нова авиокомпанија ја доби „Туркиш ерлајнс“, која го поврзува Охрид со Истанбул четири пати неделно.

На Охридскиот аеродром вчера беше пречекан првиот лет од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“, а на 2-ри месецов стартуваше авиолинијата Скопје – Амстердам на „Трансавиа“ нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, дел од групацијата КЛМ Ер Франс која ќе лета до Шипхол, главниот авио центар во Холандија.

Според летниот распоред на летови, на Скопскиот аеродром, редовните авиолинии кои сообраќаат преку целата година и сезонските, 47 дестинации и 16 авиокомпании се: Атина – Aegean Airlines, Белград – Air Serbia, Аеродром Сабиха Гокчен во Истанбул – AJet, Виена – Austrian Airlines, Цирих – Chair Airlines, Загреб и Сплит – Croatia Airlines, Париз Орли аеродром – easyJet, Цирих – Edelweiss, Варшава – LOT Polish Airlines, Франкфурт – Lufthansa, Осло – Norwegian Air Shuttle, Бодрум, аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, Измир и Анталија – Pegasus Airlines, Анталија и Измир – Sun Express, Амстердам – Transavia Airlines, Истанбул – Turkish Airlines, и Барселона, Базел Милуз, Берлин, Болоња, Братислава, Брисел Шарлероа, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург, Лион, Малме, Малта, Милан Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Штутгарт, Осло Париз, Рим (Фјумичино и Чампино), Венеција Тревизо, Карлсруе, Љубљана, Лондон Лутон – Wizz Air. Дополнително, на овие шест дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија, за време на летниот распоред на летови за 2025 година: Анталија (Pegasus и SunExrpess, и чартер од Freebird Airlines) Франкфурт (Lufthansa до аеродромот во Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан) Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и Ajet до аеродромот Сабиха Гокчен) Измир (Pegasus и SunExpress), Цирих (Edelweiss и Chair Airlines) и Осло (Осло Сандефјорд од Wizz Air и Осло – Norwegian Air Shuttle). .

Покрај 47-те редовни дестинации од скопскиот аеродром, три авиокомпании ќе сообраќаат со 10 чартер летови: Freebird Airlines – чартер летови до Анталија, Freebird Europe – чартер летови до Хамбург/Хановер, Минхен/Штутгарт, Берлин/Лајпциг, Манчестер/Лондон-Гетвик, Париз-Шарл де Гол, Лион/Марсеј, Диселдорф/Франкфурт; Nesma Airlines до Хургада; и Nouvelair до Монастир.

Од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во текот на летната сезона на летови во 2025 година, шест авиокомпании ќе опслужуваат летови до Белград, Air Serbia, Цирих со две авиокомпании – Chair Airlines и Edelweiss и Амстердам со TUI Fly, Истанбул со „Туркиш ерлајнс“, и Виена, Дортмунд и Меминген со Wizz Air.

Дополнително, според последните информации што ги добивме како аеродромски оператор, TUI ќе лета со еден чартер лет од Манчестер, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.

Како што најави неодамна во интервју за МИА Курт, се очекува следниот месец да стартуваат работите за модернизацијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Плановите се да се зголеми капацитетот на патничкиот терминал и да се обезбеди удобност за патниците кои ќе патуваат низ аеродромот, а ќе се инвестираат 2,7 милиони евра. Во тек на планираните активности авиосообраќајот нема да биде запрен. Модернизацијата на аеродромот е обврска на ТАВ, согласно Договорот за концесија на аеродромите.

На двата аеродрома од почетокот на годинава превезени 597 086 патници

Изминатата 2024 година, ТАВ Македонија, ја заврши со 3.174.484 вкупен број патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, што во исто време е зголемување од еден процент во однос на 2023 година. За годинава очекуваат зголемувањето на бројот на патници да остане константно.

Оваа година, со оглед на неодамнешното и идно проширување на авиолиниите од двата аеродрома, сезонските трендови на патување, особено за време на шпицот на летната сезона, маркетинг стратегиите на ТАВ Аеродроми за привлекување нови авиокомпании и воведување нови авиолинии и владините политики, очекуваме зголемувањето на бројот на патници да остане константно, а сепак да се заснова на долгорочни модели на раст, бидејќи од минатата година темпото на пораст во авиосообраќајот, на глобално ниво, од темпо за закрепнување премина во структурно, изјави Курт.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на 10-ти месецов, по средбата со Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, најави дека се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија и да има нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.

Николоски во октомври лани најави дека годинава ќе бидат отворени шест нови авиолинии, со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул.

Владата во август лани усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници и најави дека нова програма за периодот од 1 јануари годинава до 31 декември 2027 година во износ од 125 милиони денари годишно или вкупно 375 милиони денари за поддршка на авиосообраќајот. Променет е начинот на финансиска поддршка и субвенции се доделуваат за авиодестинациии, наместо како претходно на авикомпании. Поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром се зголеми на девет евра, а на охридскиот аеродром наместо 4,5 евра како претходно се доделуваат 12 евра по превезен патник.

Од 1 јануари заклучно со 27 март на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид патувале 597.086 патници и биле реализирани 4.933 летови.Во текот на зимската сезона 2024/2025 година, од 24 октомври лани до 19 март годинава се превезени 1.034.562 патника и реализирани 8.479 летови, на двата аеродрома.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди
Следна Статија Ѓоковиќ против Меншик за титулата во Мајами

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Од 1-ви јули намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите царински стапки и тие во ЕУ

Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од 1 јануари концесиите за експлоатација на природни ресурси се зголемуваат за 100%

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува струјата да поскапи повеќе од три отсто

На неколку дена пред доставување на понудата на Електрани на Македонија (ЕСМ) за цената на електрична енергија по која ќе…

November 12, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?