Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува летното сметање на времето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува летното сметање на времето
МАКЕДОНИЈА

Почнува летното сметање на времето

Објавено March 28, 2026 18:17
Сподели
Сподели

Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03:00 часот.

Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Вештачката интелигенција и енергетиката се клучни за развој на секој сегмент во општеството
Следна Статија Откриена бременост кај 14-годишно девојче на ГАК, мајката пријавила во полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени“ истакна дека законот е јасен и тој гласи…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект (ВИДЕО)

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во Кочани

„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, во кое објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?