Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици
МАКЕДОНИЈА

Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок, пријавени 1118 ученици

Објавено August 12, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Тестот по мајчин јазик денеска ќе го полагаат: 352 – македонски јазик, 225 – албански јазик и девет кандидати – турски јазик.

За полагањето задутре се пријавени: за англиски јазик – 779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.

Според видот на образование, од гимназиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 матуранти од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.

МОН и ДИЦ минатата недела ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година. Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.

Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15 004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици и тие ќе може повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена
Следна Статија Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како внатрешната контрола го открила скандалот во АНБ со прислушкувањето: Паднеле на полиграф па признале дека креирале лажни службени белешки

Креаторите на службените белешки во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) признале дека пишувале лаги и измислици за повеќе јавни личности…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа топол бран од Африка

По неколкуте студени утра и појавата на мраз и слана во делови од земјата во изминатиот период, Македонија влегува во…

May 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден не ѝ се погоди: Арсовска го разреши и директорот на „Улици и Патишта“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, Ванчо Умлевски, објави порталот Скопје1.…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?