Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
ЗАБАВА

Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад

Објавено March 24, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Судењето на француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, по обвиненијата за сексуален напад, треба да почне денеска во Кривичниот суд во Париз, по одложувањето поради здравствената состојба на глумецот.

Случајот се однесува на обвиненијата од две жени дека Депардје во 2021 година ги допирал на интимни места против нивна волја, за време на снимањето на филмот „Зелени ролетни“ (Les Volets Verts) на режисерот Жан Бекер. Од нив, едната го обвини актерот дека насилно ја запрел во ходник, ја допирал и ѝ давал непристојни коментари. Таа поднела тужба против него во февруари 2024 година за сексуален напад, вознемирување и сексистички навреди.

А пак, другата жена – асистентка на режисерот, го обвини Депардје дека ја допирал и ја тормозел на сцената за снимање. Таа поднесе тужба во март 2024 година.

Доколку биде прогласен за виновен, на Депардје му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 75.000 евра, според Јавното обвинителство на Париз.

Во октомври Судот го одложи судењето на барање на Депардје, поради здравствената состојба. Тој мораше да приложи лекарски уверенија пред судењето. Глумецот има бајпас и боледува од дијабетес. Судот не нареди психијатриска проценка.

Францускиот легендарен глумец со над 200 филма зад себе, треба да го застапува познатиот адвокат за кривична одбрана Жереми Асус. Филмскиот ветеран последниве години се соочи со голем број обвинувања за сексуално недолично однесување. Случајот по тужбата за силување на глумицата Шарлот Арно во 2020 година – останува отворен.

Како претходно, и овојпат Депардје ги отфрла наводите. Асус тврди дека обвиненијата се „целосно измислени“, наведувајќи дека немало директни сведоци на инцидентите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)
Следна Статија Видео) Демонстрантите во Чачак ја скршија вратата од локалното собрание и упаднаа во зградата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот

Илон Маск, еден од најпознатите милијардери и сопственик на платформата Х (поранешен Твитер), беше гостин во подкастот на републиканскиот политичар…

March 26, 2025
ЗАБАВА

Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на…

July 5, 2025
ЗАБАВА

Пејачката Марија Милиќ: Дискотеката „Пулс“ внатре изгледаше како вселенски брод, а однадвор…

Српската пејачка Марија Микиќ за тамошните медиуми рече дека во дискотеката „Пулс“ каде настапувала неколку пати имало убава атмосфера и…

March 27, 2025
ЗАБАВА

Овој хороскопски знак ќе има магично лето: Ќе им цутат рози на сите полиња, а парите ќе се лепат за нив

Најсреќниот знак летово, кога станува збор за парите, е Девицата! Овој земјен знак, кој е многу насочен на себе и…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?