Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни
МАКЕДОНИЈА

Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни

Објавено June 13, 2025 10:27
Сподели
Сподели

Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите.

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, од 00:00 часот до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули 2025, од 10 до 19 часот. Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени документите потребни за запишување во јавните средни училишта, како и насоки за негово спроведување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Репрезентативецот Димитар Митровски потпиша за Олимпија Љубљана во рекорден трансфер за словенечкиот прволигашки фудбал
Следна Статија Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

Министерката за образование и наука Весна Јаневска синоќа во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најмногу снег наврвна во Маврови Анови, најмногу дожд падна во Крушево

Врнежите од снег на планинските места ја зголемија и проширија снежната покривка особено во западниот дел од земјата. Како што…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки

На крајот на 2023-та беше во скопска полициска станица поради многу пиротехника ставена во гепек, но на крајот на 2024-та…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

На гробиштата во Бутел ќе се одржи погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК

На гробиштата во Бутел денеска  ќе биде погребан Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, кој почина по…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?