Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата локална магнитуда вечерва бил почувствуван во Струмица, објави Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје
Како што соопштија тие, земјотресот бил почувствуван попладнево во 18 часот и 33 минути во подрачјето на Струмица, 115 километри југоисточно од Скопје.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала“ велат од Сеизмолошката опсерваторија.