Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По бурните реакции на граѓаните од Собранието реагираат – неосновани се обвинувањата дека пратениците паузираат во работата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По бурните реакции на граѓаните од Собранието реагираат – неосновани се обвинувањата дека пратениците паузираат во работата
МАКЕДОНИЈА

По бурните реакции на граѓаните од Собранието реагираат – неосновани се обвинувањата дека пратениците паузираат во работата

Објавено March 26, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Собранието и пратениците изминатите две недели работеа и продолжуваат да работат. Откажани се само пленарните седници, комисиите и неколку настани за кои е потребно присуство на медиумите. Ова е денешното појаснување од парламентот поради реакциите во јавноста откако Собранието соопшти дека привремено ги одложува активностите за две недели поради трагедијата во Кочани, во која загинаа 59, а повредени се над 200 лица.

Во соопштението испратено од собраниската прес-служба се вели дека секоја изјава со која се претпоставува оти Собранието и пратениците паузираат во работата е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушувањето на угледот на институцијата и народните избраници.

„Сакаме да појасниме дека одлуката за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи на координативна средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите“,се вели во соопштението од Собранието.

Оттаму посочија дека пратениците се активни и посветени на законодавните процеси, како и дека работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, како координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовка и разгледување на предлог законите и одржување на состаноци на различни нивоа.

Од Собранието и вчера посочија дека одлуката за привремено одложување на активностите во парламентот не е резултат на какво било индивидуално или еднострано политичко одлучување, туку одраз на заедничка институционална волја на сите пратенички групи да дејствуваат со чувствителност во момент на национална жалост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд
Следна Статија (ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 19 илјади неважечки ливчиња регистрирани во вториот круг локални избори

Вчера во Македонија се одржа вториот круг локални избори 2025 година, во кој сите, освен четири општини, избраа градочалници за…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово

Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?