Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави
МАКЕДОНИЈА

По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави

Објавено March 25, 2025 18:18
Сподели
Сподели

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот. Забраната е од инспекцијата на Дирекцијата за заштита и спасување која направи контрола на објектот на барање на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на раководството на театарот, а потоа и на Министерството за култура и туризам.

Уште на 17 март побаравме од Дирекцијата да се изврши вонреден инспекциски надзор за да се констатираат состојбите во стариот објект на театарот „Војдан Чернодрински“. Наредниот ден, на 18 март, од Министерството за култура и туризам стигна барање да се проверат состојбите во објектите од културата. Дирекцијата изврши надзор во текот на вчерашниот ден, 24 март и констатира 15 неправилности во објектот. Усно не информираше дека имаме забрана за настапи во објектот. Во меѓувреме го чекаме решението на ДЗС за да постапиме, рече Михајло Миленкоски, раководител на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.

По добивањето на решението од инспекцискиот надзор на ДЗС, театарот во координација со Министерството за култура и туризам ќе чека задолженија колку и дали може да се отстранат недостатоците.

Со години се бара, а и има одредени проектни постапки, за изградба на нов театар во Пирлеп, во рамки на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ
Следна Статија Киднапираните мигранти во Студеничани се спасиле откако испратиле мејл со СОС до македонските служби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?