Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев
ХРОНИКА

По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев

Објавено February 21, 2025 14:07
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопје, беше прикажана снимка и од 24 ноевмри 2023 година.

Снимката е направена во три часот и 47 минути пред домот на обвинетиот Велибор Манев.

Овој датум е важен бидејќи тој ден во Скопје е направен неуспешниот обид да се киднапира Вања.

На снимката се гледа како „фелицијата“ на Боро Видевски се паркира пред куќата на Велибор Манев. Видевски ја носи истата јакна како неколку денови претходно, а на рацете има ракавици.

Од претходните снимки се виде дека „цитроенот“ на Жежовски во тој период веќе е во Скопје.

На камерата се гледа дека „рено кангуто“ е паркирано во дворот на куќата. Во 4 и 30 возилото заминува за Велес, а „мерцедесот“ и „фелицијата“ остануваат на улицата пред куќата.

Во 10 часот и седум минути, по неуспешниот обид да ја грабнат Вања, „рено кангуто“ се враќа пред куќата на Манев, а од него излегува Видевски во истата облека како рано утрото. Манев излегува од возачкото место и одзади вади две лопати, а става сина вреќа.

Првообвинетиот Љупчо Палевски тој ден е во Скопје.

Ден подоцна, околу 16 часот и 30 минути пред домот на Манев пристигнува Видевски со својата „фелиција“. Нешто разговараат, по што Видевски оди кон „кангуто“ и оди кон Велес.

Обвинителката тврди дека тој ден „кангуто“ заминува за Скопје за три дена подоцна повторно да се обидат, овојпат успешно, да ја киднапираат Вања Ѓорчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните
Следна Статија Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Таткото Александар го праша Палчо: Зошто е убиена мојата Вањичка?

Мислев дека се ќе дознаам и цело време мижам во просторијата, но слушам внимателно. Имам чуство на непотполност на вистината…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Опожарени две возила „рено кангу“ и БМВ, интервенирале пожарникари

Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против - пожарната…

March 5, 2025
ХРОНИКА

78-годишен велосипедист синоќа загина во сообраќајка во Скопје – Возачот е приведен

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело

Таткото на Васил Јованов, кој во јануари годинава на пешачки премин ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, денеска не се…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?