Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки
ХРОНИКА

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки

Објавено December 17, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока, при што е запленета компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми со потпис на познати модни брендови, ладилник за товарно возило, облека, а спречен беше и обид за нелегален внес на птици. Во продолжение детали:

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки

  • Специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства е запленета по извршена контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Блаце.
  • Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми (19 кутии од по 60 кесички) Unicity Balance суплементи во вредност од 228 илјади денари, што Службата за мобилни скенери ги пронајде во кабина на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.
  • 173 парфеми со потпис на познатите трговски марки Том Форд, Версаче, Армани и други се пронајдени во шест картонски кутии сместени на горниот кревет во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.
  • Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојран спречија обид за криумчарење на ладилник за товарно возило. Непријавениот ладилник е откриен во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.
  • Разни производи, меѓу коишто се фрижидер, стоматолошка столица, кафемат се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово.
  • Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на машина и опрема за водоводни цевки. Истите се откриени при контрола на автомобил со грчки регистарски таблички со кој управувал македонски државјанин.
  • Машина за потреби во текстилна индустрија, откриена од страна на мобилните царински тимови, пронајдена на креветот во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
  • 160 пара облека од брендовите Бос и Левис, но и 930 парчиња нашивни надворешни текстилни етикети со ознака на брендот DSQ2 се пронајдени во преграда за алат и под креветот во кабината на камион управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце.
  • Службата за мобилни скенери, при контрола на два камиони управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце откри непријавени 50 килограми боја и повеќе кутии со средства за полирање возила.
  • На влез во државата на граничен премин Табановце мобилен тим при контрола на автобус откри 26 белгиски канаринци и 4 вреќи со храна за птици. Истите без соодветни дозволи и документи македонски државјанин што патувал со автобусот сакал нелегално да ги внесе во државата.
  • Спречено криумчарење на 28 штеки цигари на граничните премини Дојран и Богородица. При тоа 10 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени во прегради во кабината на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Останатите 18 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени во внатрешноста на бандажот на резервно тркало на камион управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Богородица.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за купување на нови велосипеди
Следна Статија Мудрик позитивен на допинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на…

November 28, 2025
ХРОНИКА

Полицијата го бара за Кочани: Македонскиот амбасадор во Осло, Кучи, се враќа дома со првиот авион

Македонскиот амбасадор во Осло Дритон Кучи се враќа дома со првиот авион откако разбрал дека полицијата го барала дома за…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Малолетник доби притвор за тешки кражби низ скопските згради

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за поведување…

January 8, 2025
ХРОНИКА

По 30 дена притвор во Шутка за директорката и двајца раководители на гостиварски „Комуналец“

По 30 дена затворски притвор добија тројца осомничени – Арта Асани директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и раководителите Леон…

July 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?