Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
БАЛКАН

По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица

Објавено September 8, 2025 12:30
Сподели
Сподели

Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада – дрвен сандак со 62 килограми суров канабис со цел понатамошна трговија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во магацин на фирма во областа Атика, поширокиот регион на Атина, полицајци од Потсекторот за борба против дрога го откриле дрвениот сандак во кој се наоѓале 120 пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 62 килограми.

Потоа, со одобрение од надлежен јавен обвинител и по налог на Координативното тело за борба против дрога, Секторот за борба против дрога спровел контролирана достава на поштенската пратката, при што биле уапсени двете лица, кои се обиделе да ја примат пратката од компанијата за достава во име на другите обвинети.

Освен суровиот канабис, полицијата запленила и 675 евра, еден автомобил и два мобилни телефони, а случајот вклучува уште четири други лица.

Уапсените на возраст од 22 и 27 години ѝ се познати на полицијата поради вмешаност во други случаи и веќе се изведени пред јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Одговорност мора да има за прислушкувањето
Следна Статија Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Мицотакис ја блокира истрагата на министри за милионска измама со земјоделските фондови на ЕУ

Неколку министри и високи функционери на грчката влада се осомничени за голема измама со европските земјоделски субвенции, со што Европската…

August 9, 2025
БАЛКАН

Дали се затвора кругот околу мрежата на Додик: Покрај семејството го стави на црна листа и целото раководство на РС

Соединетите Држави постојано воведуваат санкции за поединци и ентитети од Република Српска поврзани со Милорад Додик. Кон крајот на минатата…

January 22, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија е нападната однадвор и одвнатре

Српскиот претседател Александар Вучиќ на митингот во Јагодина им се заблагодари на сите присутни. „Нашиот народ знае, Србија знае како…

January 24, 2025
БАЛКАН

Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ

Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?