Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По реакциите во јавноста, преиначена е одлуката: Во притвор оди мотоциклистот кој го усмрти Југослав и избега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > По реакциите во јавноста, преиначена е одлуката: Во притвор оди мотоциклистот кој го усмрти Југослав и избега
ХРОНИКА

По реакциите во јавноста, преиначена е одлуката: Во притвор оди мотоциклистот кој го усмрти Југослав и избега

Објавено July 7, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје – Скопје, информираше попладнево Кривичниот суд.

Одлуката следува по жалбата од Обвинителството за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл, за кој Основното јавно обвинителство Скопје на 4 јули отвори истражна постапка, а го сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Од Обвинителство, исто така, информираа дека кај нив лицето е евидентирано со една пресуда за насилство како малолетник и една за непочитување на здравствени прописи во време на ковид-кризата.

Осомничениот, како што претходно објави Обвинителството, на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

-Иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, осомничениот се согласил со нејзино настапување и кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, информира ОЈО Скопје.

За осомничениот Обвинителство бараше притвор поради тоа, како што велат, избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен, што за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода. Освен тоа, како што велат од ОЈО Скопје, станува збор претходно осудувано лице, кое и на критичниот ден направило две кривични дела едно по друго, што упатува на опасноста тој да го повтори делото или да стори друго кривично дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во и околу фабриката за оружје и муниција во Самоков – експлодирале буриња со хемикалии
Следна Статија Потврдено е: 27 девојчиња и воспитувачи во камп ги загубија животите од поплавите во Тексас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6…

July 17, 2025
ХРОНИКА

Три години затвор за тројцата обвинети: Судот изрече максимална казна за дивите депонии во Вардариште

Кривичниот суд Скопје денеска ги изрече пресудите за тројцата обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата…

October 8, 2025
ХРОНИКА

УЖАС: Внука се обидела да ги убие баба си и дедо си, им нанела убоди со нож

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?