Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје
МАКЕДОНИЈА

По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје

Објавено July 10, 2025 23:02
Сподели
Сподели

По четиринаесет години работење на Балканот, регионалниот телевизиски проект Ал Џезира Балканс се гаси, беше потврдено за сараевскиот портал „Кликс“ (Klix.ba).

Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој, како што е наведено, работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година.

„Ал Џазира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.

„Ал Џазира Балканс“ е присутна во Сараево од средината на септември 2010 година, кога ја купи локалната телевизиска станица „НТВ Студио 99“ од компанијата „ПЕП“ во сопственост на Адил Куленовиќ за 2,3 милиони конвертибилни марки (околу 1,17 милиони евра), што беше износот на долговите на телевизиската компанија кон државата.

Во 2018 година, „Ал Џазира Балканс“ го основа AJB DOC, фестивал на документарен филм, кој се одржува во Сараево секој септември.

Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини, соопшти „Кликс“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Се собрале комитите“ – емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски
Следна Статија Од 1 август САД воведуваат 35 отсто царини за Канада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста

Денес Македонија одбележува 34 години од својата незавинсност - државен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски до Ахмети: Доколку се случи било каков обид за дестабилизација на државата, државата ќе одговори

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, на прашањето како ја коментира заканата на опозициската ДУИ…

November 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?