Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Доаѓа правда за трагедијата во Кочани, ќе претресеме и ќе извадиме се да видат граѓаните што се случувало
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Доаѓа правда за трагедијата во Кочани, ќе претресеме и ќе извадиме се да видат граѓаните што се случувало
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доаѓа правда за трагедијата во Кочани, ќе претресеме и ќе извадиме се да видат граѓаните што се случувало

Објавено March 25, 2025 12:17
Сподели
Сподели

„Секој оној којшто го прекршил законот ќе одговара пред пред законот и тука не треба да има дилема како што впрочем видовте во првите три дена опфатени се 34 лица, а од тоа што сум информиран акцијата на Министерството за внатрешни работи продолжува и понатаму.

Така што граѓаните треба да бидат спокојни, правдата доаѓа. За разлика од принципот како досега, овој пат правдата доаѓа и правдата ќе се ќе се случи без разлика дали лицето е дел од некоја политичка структура или не е дел од некоја политичка структура“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прашање околу истрагата за трагедијата во Кочани.

Тој рече дека и натаму се прават проверки на фирми во Кочани, и дека може да биде проширена листата на осомничени.

Во однос на реакциите од ДУИ дека правдата се заснова на етничка основа, Мицкоски рече:

„Жалам што ДУИ не излезе од онаа матрица која ја гледаме на политичката сцена повеќе од 22 дена, и наместо да изрази сочувство, и да се вклучи во истрагата и да помогне, тие се обидоа да го политизираат и етницизираат случајот. Може да кажам да им служи на чест, а ние како влада ќе се бориме против девијатното однесување. Ќе претресеме се и ќе извадиме се за да видат граѓаните што се случувало. Барем едно извинување ДУИ требаше да им дадат на граѓаните, и навистина сум разочаран од нивното однесување“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други, Јован е херој на цела држава и симбол за човечност
Следна Статија Дома си заминуваат 12 пациенти: Уште 27 се лекуваат во Македонија по пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје се подготвува за „Бела ноќ“: целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена

Универзална сала и Град Скопје ја најавуваат 21-та изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи на 04…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најстудено утрово во Скопје -2, во текот на денот од 7 до 13 степени

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови –…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Формирана e интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со трето-одделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?