Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово
Blog

Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово

Објавено August 4, 2025 18:42
Сподели
Сподели

По повод празникот Илинден, на спортското игралиште во рамки на хотелот „Спорт“ во Маврово, се одржа промотивен настан на кој беа претставени возилата од брендовите Geely и Lynk&Co. Настанот беше организиран од страна на Делфино Мобилити Груп, со цел непосредно да им се приближат иновативните и технолошки напредни модели на посетителите кои го поминуваа викендот во ова туристичко место.


На настанот беа изложени Geely Coolray, Lynk&Co 01 (хибридно возило) и Lynk&Co 02 (целосно електрично возило), привлекувајќи значителен интерес кај семејствата и посетителите. Присутните имаа можност одблизу да се запознаат со дизајнот, комфорот и квалитетот на внатрешниот ентериер, како и со напредните безбедносни и дигитални системи кои овие модели ги нудат.


Интересот и свесноста за перформансите на возилата беше значително висок. Многу од присутните веќе беа добро запознаени за Geely и Lynk&Co, а голем дел од нив се пријавија и за пробно возење. Посебен интерес беше изразен за техничките карактеристики како потрошувачката на гориво, автономијата на електричните возила, капацитетот на багажниот простор и системите за активна и пасивна безбедност.


Најмладите посетители беа особено импресионирани од мултимедијалните функционалности и квалитетот на озвучувањето, што дополнително придонесе за позитивната атмосфера на настанот.


Присутноста и информираноста на посетителите покажа дека претходно постоечките стереотипи за кинеските возила Geely и Lynk&Co се надминати, веќе се препознаваат како висока класа, па дури и супериорни алтернативи на многу европски возила.


Поради големиот интерес и позитивните реакции, Делфино Мобилити Груп најавува нови вакви настани, вклучително и повторна презентација во Маврово до крајот на месец август.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето
Следна Статија Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Лав – петок, 31 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е ден посветен на подигнување на позитивната вибрација. Со вашиот инфективен дух, Лав, и…

January 31, 2025

Најдобри Black Friday попусти во Best Buy: Единствени зделки кои не можете да ги најдете никаде друго

Официјалната Black Friday продажба на Best Buy започна на 20 ноември, нудејќи заштеди во сите категории на производи

November 22, 2025
Blog

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2-ри ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки на вториот круг од…

October 23, 2025
Blog

ФЕД ги задржа каматните стапки, се најавуваат две намалувања до крајот на годината

Федералните резерви на САД одлучија да ја задржат референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,5 отсто, а сепак…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?