Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
ПОЛИТИКА

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

Објавено May 23, 2025 20:00
Сподели
Сподели

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од владината коалиција што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.

  • Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?, напиша Муса.

Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.

  • Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму, посочува Муса во објавата.

Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.

Таравари ја напушти Владата по несогласувањата во коалицијата „Вреди“. Претседателството на Алијанса за Албанците реши на локалните избори да оди со самостојни листи за советници. Партнерите од коалицијата „Вреди“ обвинија дека Таравари се приклонува кон опозициската ДУИ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР со предупредување: Утре невреме во Македонија!
Следна Статија Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори

Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мемов: ЗНАМ се многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во Куманово и Центар

Движењето ЗНАМ е многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во општините Куманово и Центар, ијави…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје

Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје. Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?