Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти
СВЕТ

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за запишување на странски студенти

Објавено May 23, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Универзитетот Харвард денеска поднесе тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради забраната за запишување на странски студенти.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Бостон, Универзитетот наведе дека со владината одлука се крши Првиот амандман и ќе има „непосредни и катастрофални последици за Харвард и повеќе од 7.000 странски студенти од дури 100 земји.

Исто така се посочува дека Владата „со пенкало би избришала една четвртина од студентите на Харвард, странски студенти кои значително придонесуваат за Универзитетот и неговата мисија“.

Министерството за внатрешна безбедност го обвини Харвард за создавање небезбедна средина на кампусот со тоа што им дозволи на „антиамерикански, протерористички агитатори“ да напаѓаат еврејски студенти во кампусот.

Исто така, го обвини Харвард за координација со Кинеската комунистичка партија, тврдејќи дека Универзитетот во 2024 година примил и обучил членови на кинеската паравоена група.

Секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, која побара Харвард да обезбеди информации за странски студенти, истакна дека Универзитетот може да го врати правото да запишува странски студенти ако обезбеди евиденција за нив во рок од 72 часа. Таа ги бара сите записи, вклучително и аудио или видеоснимки, за странски студенти кои учествуваат во протести или опасни активности на кампусот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
Следна Статија Се распаѓа родната куќа на Јелена Докиќ по смртта на таткото Дамир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Tрамп му понудил на Зеленски нов договор за минералите

Администрацијата на Трамп и понуди на Украина подобрена верзија од нацрт-договорот за минералите, откако претседателот Володимир Зеленски го налути американскиот…

February 21, 2025
СВЕТ

Владимир Шклијаров, руската балетска ѕвезда почина на 39 години во неразјаснети околности

Познатиот руски балетан Владимир Шклијаров почина откако падна од петтиот кат од зграда. Тој имаше 39 години. Трагичната смрт на…

November 18, 2024
СВЕТ

По 40 години борби против Тyрција, забранетата Работничка партија на Курдистан прогласи прекин на огнот

Забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) денеска прогласи прекин на огнот, слушајќи го повикот на нејзиниот притворен лидер Абдула Оџалан…

March 1, 2025
СВЕТ

Трамп можеби ќе ја продаде својата „Тесла“ по кавгата со Маск

Доналд Трамп размислува да ја продаде својата „тесла“, изјави за Си-Би-Ес висок функционер од Белата куќа. Американскиот претседател го купил…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?