Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал
СПОРТ

Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал

Објавено April 17, 2025 21:13
Сподели
Сподели

Ролан Гарос ќе му оддаде почит на Рафаел Надал на првиот ден од годинешното издание на грен слем турнирот што ќе почне идниот месец, една година откако легендарниот шпански тенисер и освојувач на рекордни 14 титули во Париз го одигра својот последен дуел во француската престолнина, објавија денеска организаторите.

Надал првпат испадна од Ролан Гарос во првото коло по поразот од Александар Зверев минатата година, но тогаш не кажа дали тоа е последен пат навивачите да го видат во Париз.

Надал, освојувач на 22 грен слем титули, стави крај на својата блескава кариера претставувајќи ја Шпанија во Дејвис купот во ноември и сега ќе се врати на арената на која испиша историја.

„Рафа испиша историја на Ролан Гарос и неговите 14 титули може да останат ненадминати“, изјави директорката на турнирот и двократна победничка на Ролан Гарос, Амели Морезмо.

„Церемонијата во чест на Рафа ќе се одржи на крајот од дневната сесија на 25-ти мај. Идејата е да имаме визија за иднината, а притоа да ги славиме оние кои не воодушевуваа во минатото“, рече Морезмо.

Вкупниот награден фонд за турнирот, кој ќе трае од 25 мај до 8 јуни, изнесува 56,352 милиони евра, што е за 5,21 отсто повеќе од 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ
Следна Статија Оваа пејачка според Аркан била најдобра во кревет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Инцидент во Евролигата – Брајант го гризна Биберовиќ

Дербито на Истанбул во Евролигата, во салата на Ефес им припадна на кошаркарите на Фенербахче (83:78). Натпреварот го обележа инцидентот…

October 11, 2024
СПОРТ

Maкедонија граби кон ЕП: Рутинска победа во Естонија

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако…

May 8, 2025
СПОРТ

(Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас официјално стана член на Торино. Елмас во Торино пристигна од Лајпциг. Германскиот тим го испрати на…

January 30, 2025
СПОРТ

Мамукелашвили испиша историја во НБА лигата

Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа синоќа Њујорк со 120-105 и ја забележаа третата победа во последните осум натпревари во…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?