Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ
СВЕТ

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

Објавено April 17, 2025 21:06
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за време на денешната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

О, ќе има трговски договор, 100 отсто, рече Трамп.

Тој одговараше на новинарско прашање што ќе се случи ако нема договор на крајот од 90-дневната пауза што ја одреди – и реагираше речиси со потсмев, пренесе ДПА.

Што, мислите дека нема да има … се разбира дека ќе има трговски договор. Многумина сакаат да склучат договор, многу, многу. И ние ќе направиме трговски договор. Целосно го очекувам, но тоа ќе биде фер договор, рече Трамп.

Минатата недела, по значителните турбуленции на берзите и финансиските пазари, Трамп неочекувано одлучи да им одобри на многу земји, вклучително и на ЕУ, 90-дневна пауза од одредени царини.

Овие царини се казнени и се засноваат на трговскиот дефицит на соодветните земји, а исклучок е Кина.

Со оваа одлука, Трамп привремено стави дел од својот обемен царински пакет во мирување. ЕУ, исто така, соопшти дека ќе ги суспендира планираните одмазднички царини за американските производи на 90 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“ во Скопје
Следна Статија Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

Телата на пет скијачи се пронајдени во близина на скијачкиот центар Цермат во Швајцарија – соопшти полицијата во швајцарскиот кантон…

May 25, 2025
СВЕТ

Зошто е важна Голанската висоравнина: Од неа како на тацна се гледа половина Сирија

Голанската висоравнина е едно од најважните стратешки места на Блискиот Исток. Тој регион има бујна историја. Kаква е всушност таа…

December 25, 2024
СВЕТ

СЗО предупредува: Европа се соочува со здравствена криза поради екстремните горештини

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа предизвикува сериозни последици врз здравјето на населението и врз функционирањето на здравствените системи,…

June 30, 2026
СВЕТ

Се огласи Нетанјаху по нападот на неговиот дом

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?