Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал
СПОРТ

Првиот ден на Ролан Гарос во чест на Надал

Објавено April 17, 2025 21:13
Сподели
Сподели

Ролан Гарос ќе му оддаде почит на Рафаел Надал на првиот ден од годинешното издание на грен слем турнирот што ќе почне идниот месец, една година откако легендарниот шпански тенисер и освојувач на рекордни 14 титули во Париз го одигра својот последен дуел во француската престолнина, објавија денеска организаторите.

Надал првпат испадна од Ролан Гарос во првото коло по поразот од Александар Зверев минатата година, но тогаш не кажа дали тоа е последен пат навивачите да го видат во Париз.

Надал, освојувач на 22 грен слем титули, стави крај на својата блескава кариера претставувајќи ја Шпанија во Дејвис купот во ноември и сега ќе се врати на арената на која испиша историја.

„Рафа испиша историја на Ролан Гарос и неговите 14 титули може да останат ненадминати“, изјави директорката на турнирот и двократна победничка на Ролан Гарос, Амели Морезмо.

„Церемонијата во чест на Рафа ќе се одржи на крајот од дневната сесија на 25-ти мај. Идејата е да имаме визија за иднината, а притоа да ги славиме оние кои не воодушевуваа во минатото“, рече Морезмо.

Вкупниот награден фонд за турнирот, кој ќе трае од 25 мај до 8 јуни, изнесува 56,352 милиони евра, што е за 5,21 отсто повеќе од 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ
Следна Статија Оваа пејачка според Аркан била најдобра во кревет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мајами не сака да се откаже од скапиот Меси

Раководството на американскиот прволигаш Интер Мајами е убедено дека аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе го продолжи договорот, кој истекува…

July 2, 2025
СПОРТ

Добра ждрепка за Вардар и во второто квалификациско коло од ЛШ

Ako го мине КУПС евентуалниот противник на Вардар ќе биде победникот од двомечот Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс). Евентуалниот двомеч…

June 17, 2026
СПОРТ

Галевски: Мундијалот за сите нас во тимот претставува мотив плус

Талентираниот чувар на мрежата Иван Галевски се најде во конечниот список за Светското ракометно првенство во друштво на Митревски и…

December 25, 2024
СПОРТ

Kливленд во полуфиналето на плејофот

- Кливленд кавалирс ноќеска на гостински терен го победи Детроит пистонс со 125:94 во седмиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот.…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?