Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет

Објавено June 4, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни.

Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 предмети, што значи дека вкупно за работа имале 282.470.

Помалиот број решени предмети во споредба со примените во овој период се должи на намалениот обем на работа заради многуте празници во јануари и префрлањето на предмети од претходната година. Како причина за неажурноста, беше наведено во дискусиите, се должи и на малиот број на судии. Оценката беше дека се постигнати задоволителни резултати, со оглед на околностите. Како проблем за ефикасноста на судовите беше напомената и состојбата со службите како записничари и стручни соработници, кои треба да се вработат, но за нив нема согласност од Министерството за финансии за нивно вработување.

Ова е уште една причина да бидеме погласни. Имаме испратено бројни ургенции и апели за да ја постигнеме финансиската независност на судството, но засега тоа не вроди со плод – рече претседателот на судскиот совет, Александар Камбовски.

Извештајот беше усвоен и наскоро ќе биде објавен наскоро и ќе биде достапен за јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска во Париз на отворањето на реновираниот Нотр Дам, билатерална средба со Макрон засега не е договорена

Претседателката Гордана Силјановска следниот месец на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз. Повод за посетата е…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари

Најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле согласности од Министерство за финансии, конкурсите ќе се…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по акцијата во РЕК Битола и Осломеј: Продолжува борбата со криминалот, во период што следи ќе има десетици вакви случаи

Ќе продолжи борбата со криминалот. Нема да правиме естрада од сето тоа. Се држиме до тоа што сме го кажале,…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?