Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години
ЕКОНОМИЈА

Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години

Објавено March 3, 2025 08:41
Сподели
Сподели

 По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија  го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.

– Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи и на туристите да ги искусат неговите живописни пејзажи, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Марсел де Нојџер, главен извршен директор на Трансавиа, посочи дека со додавањето на Скопје во нивната мрежа, им нудат на патниците уште повеќе можности за патување во рамки на Европа. 

– Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или бизнис-патување, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација кон ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу сме горди што ќе летаме на оваа рута, изјави де Нојџер.

Од ТАВ Македонија истакнуваат дека оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели, како и полесен пристап на патниците да истражуваат нови дестинации, со што ќе се зајакне туристичката индустрија во двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Георгиевски и Рељиќ со бронзи на Г1 турнирот во Софија
Следна Статија Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска Банка: Македонската економија ќе го забрза растот во следните неколку години

Македонската економија ќе има економски раст од 1,8% годинава, 2,5% догодина и 3% во 2026 година. Ова е проценката на…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени

Сточарите од штипско и радовишко се жалат дека дел од јагнињата останале неоткупени. Причина е ниската откупна цена која ја…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети малата галерија „Откритие“ во Скопје, која под водство на…

July 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашни компании

На владина седница која се уште трае беше донесена одлука, со која како што ветивме, се ставаат на располагање на…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?