Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра

Објавено October 25, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите, но очекува раст на платите да има и во следните два месеца на вработените во секторите чии плати годинава не беа покачени. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека го охрабрила сменетата реторика на Владата.

„Тоа што мене лично ме охрабрува, а и ССМ како организација на работниците, е тоа што од реториката – нема, нема, нема, нема, полека почнуваат да се изнаоѓаат средства за раст на платите на вработените во оние сектори што не добија оваа година. На последната седница на Економско-социјалниот совет добивме ветување од претседателот на Владата и од министерот за економија и труд дека по поминувањето на првичниот филтер во Владата и сработеното во собраниската комисија, кога ќе го вратат буџетот со забелешки и предлози по амандманите од страна на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет, на која ќе ги гледаме ставките во буџетот што се однесуваат на растот на платите, кои се потребни да се реализираат и оваа, меѓутоа и наредната година“, вели Трендафилов.

Покрај проекциите во буџетот за следната година, во следните два месеца Трендафилов смета дека треба да се покачи и минималната плата, а покачување да има и в година.

„Се разбира дека и растот на минималната плата, кој треба да се реализира побргу, треба да биде предвиден и во новиот буџет, меѓутоа ќе треба да се предвидат средства, веројатно, и оваа година доколку се случи тоа што е можно побргу имајќи предвид дека животот на работниците и животот на граѓаните станува сѐ поскап. Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

ССМ уште во мај побара еден од приоритетите на новата Влада да биде покачување на минималната плата на 450 евра. Минималната плата за оваа година, според последните пресметки на Државниот завод за статистика, изнесува 22.567 денари или 366 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Ќе мора да работиме системски за да профункционира градот Скопје
Следна Статија Платата на Меси е поголема од буџетите за плати на 22 клуба во МЛС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари

Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и…

August 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе има значителни намалувања во Новогодишната кошничка, најави Ристески

Новогодишната кошничка се подготвува, ќе има значителни намалувања, со цел да се заштити стандардот на граѓаните, најави денеска заменик министерот…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?