Откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денес на прес-конференција праша кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија, стигна експресен одговор од ВМРО.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ.
Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.
Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа.
Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, соопштија од ВМРО.