Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница

Објавено February 25, 2025 08:13
Сподели
Сподели

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде усвоен на денешната владина седница. Како што соопшти вчера премиерот Христијан Мицкоски, постапката може да трае неколку недели или месеци, согласно законот.

Одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес-конференција, за тоа дали на денешната владина седница ќе се разгледа и прифати предлогот за разрешувањето на Коцевски, појасни дека Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.

Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот, рече Мицкоски.

Премиерот и викендов се осрвна на постапката на разрешување на Љупчо Коцевски, но одговори и на прашање за интерпелациите на членовите на Судскиот совет, напоменувајќи дека двата процеса се паралелни, а процедурата е тргната и нема сопирање.

– Министерството за правда е задолжено да достави како ќе оди процедурата. Задутре на владина седница тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема сопирање. Да одиме чекор по чекор. Штотуку слетав, пред 15 минути. Да ме избрифираат соработниците што се случуваше. Следно е Судски совет, тие два процеса се паралелни, едно со друго не се во колизија, нагласи Мицкоски.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

– Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, беше соопштено од Министерството за правда.

Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. Тој изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ООН ја отфрли американската резолуција за Украина во која не се осудува Русија, а ја усвои европската
Следна Статија (Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски на настан на армискиот полигон „Криволак“ за презентација на повеќе од 50 возила пренаменети за…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ

Пет активни пожари на отворен простор има денеска на територијата на Македонија. Пожарот кај селото Николич, Општина Дојран, каде што…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шекеринска се качи на скала и даваше интервју: Ако работата беше храна, мојата ќе беше мусака

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, се качи на скала и учествуваше во шоуто „Carrer ladder“, каде одговараше на прашања…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?