Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

Објавено December 15, 2025 17:59
Сподели
Сподели

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов.

– Предлогот е доставен до пратениците. Ќе видиме утре дали ќе се дополни дневниот ред или ќе го предложиме ние како Кабинет до пратениците. Но, најверојатно утре ќе биде на седница на дневен ред. Ако денеска ја ставиме и го дополниме дневниот ред, ќе го известиме и ќе побараме да присуствува. Ќе гледаме порано да организираме денеска во текот на денот за да може да дојде утре. Како што се определени роковите по Деловник и закон, веднаш ќе постапиме. За нас како држава е многу битно што побргу да избереме јавен обвинител. Ќе постапиме по роковите кои се определени по законот и Деловникот, рече Гаши.

Посочи дека до крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања.

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поевтинуваат горивата
Следна Статија Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Американската амбасадорка, Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Училиштата околу Трубарево една недела ќе одржуваат он-лајн настава

Министерот за здравство, Азир Алиу рече дека министерството испратило препораки до министерството за здравство, за одржување на он-лајн настава од…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?