Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада

Објавено February 17, 2025 19:02
Сподели
Сподели

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

-На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем. Довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава, информираат од прес-службата на Владата.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РМ одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Македонија.

-Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, се вели во соопштението од МП.

Државниот јавен обвинител на Република Македонија, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

-Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава, соопшти на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.

Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година. Владата сака предвреме да биде прекинат мандатот на Коцевски, а причината за тоа е, како што велат оттаму, разочараноста од постапувањето надвор од законските надлежности, посочувајќи дека Коцевски незаконски именувал, вршител на должност на Вишото јавно обвинителство на местото на суспендираниот Мустафа Хајрлухаи.

Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сабаленка: Порано, мирно оставав чаша вода во ресторан и заминував, но сега не пијам од неа
Следна Статија Вучиќ: Me тераа да дувам лепак кога одев на фудбалски натпревар, се степав и ги одбив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На жолто светло не се поминува, ќе има казни

Сашо Топлаловски, началник во СВР Скопје, во интервјуто за „Република“ потсети дек жолтото светло не е за поминување туку да…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонија и Словенија со исти вредности и цели – стабилен регион и безбедно НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски пристигна во официјална посета на Словенија. -Пријателска и сојузничка Словенија со која развиваме силна одбранбена…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јованка Кепеска: Со бугарските услови за нашиот влез во ЕУ, целосно се негираат македонскиот народ, јазик и историја

Јованка Кепеска (1940 година, Прилеп) е универзитетска професорка и социолог која со години се занимава со прашања поврзани со идентитетот,…

June 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?