Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот за Трајко Славески за гувернер пред пратениците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлогот за Трајко Славески за гувернер пред пратениците
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за Трајко Славески за гувернер пред пратениците

Објавено May 28, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Македонија.

За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршување функциите министер за развој и за финансии.

Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

– Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, посочија од Кабинетот на претседателката.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.

На дневен ред на оваа седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, во второ читање и Предлог на законот за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Системот „Златна Купола“ бесплатен за Канада ако се приклучи на САД
Следна Статија Грците барале во „Борис Трајковски“ да има само 2.000 гледачи и 200 нивни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лафчиски: Директна воена закана за државата нема, моменталната безбедносна состојба е стабилна

Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема директна воена закана за државава. Регионот е ранлив на предизвици…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, безбедно извлечени шест лица

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го укина „балансерот“

На денешната седница Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Уште минатиот месец…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

СНЕГ ПАЃА НА СТРАЖА – до вечерва се очекува снег на повеќе локации низ земјва, а можно е и низ градовите (ВИДЕО)

Снег вее на планинскиот превој Стража, а снимки од новиот снежен бран веќе се споделуваат на социјалните мрежи.  Како што…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?