Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец
ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Објавено July 1, 2025 10:41
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик.

На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош. Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал.

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан
Следна Статија Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

78-годишен велосипедист синоќа загина во сообраќајка во Скопје – Возачот е приведен

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Лишени од слобода двајца полицајци поради оддавање на службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка…

January 25, 2025
ХРОНИКА

Почина новинарката Гордана Дувњак

По долго боледување на 61-годишна возраст почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено…

April 21, 2026
ХРОНИКА

И Буцо Битбокс е жртва во трагедијата

Битбоксерот Мартин Атанасов, познат како Буцо Битбокс е една од жртвите на трагедијата која ја зави Македонија во црно. Цел…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?