Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преживеал два дена со стрела во главата, лекарите опишуваат чудо: „Ја држела раната затворена, како чеп“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Преживеал два дена со стрела во главата, лекарите опишуваат чудо: „Ја држела раната затворена, како чеп“
ЗДРАВЈЕ

Преживеал два дена со стрела во главата, лекарите опишуваат чудо: „Ја држела раната затворена, како чеп“

Објавено August 7, 2025 13:11
Сподели
Сподели

Неврохирургот проф. Маурицио Јаконаџели, од болницата „Торете“ во италијанскиот град Анкона, откри неверојатна приказна за 64-годишен пациент кој преживеал два дена со стрела во главата.

Беше испукана од неговиот самострел и му го прободе черепот – од челото до задниот дел од главата. И покрај ова, тој не ја изгубил свеста и поминал два дена дома пред да биде донесен во болница.

Ризик од тешко крварење

„Стрелата не ги оштетила клучните делови од мозокот, главните крвни садови, вените и артеријата. Само еден милиметар подалеку и пациентот веднаш ќе умрел. Имал неверојатна среќа“, објаснил професорот.

Додека не стигнал во болница, не јадел ниту пиел, а не можел да ја движи главата поради положбата на стрелата. Лекарите внимателно ги проучувале компјутерските томографски снимки за да се подготват за операцијата, а полицијата започнала истрага за бизарниот инцидент.

„Не е важна само процедурата, туку и начинот на кој се подготвува, вклучително и анестезијата. Вадењето на стрелата носело ризик од обилно крварење, бидејќи ја држела раната затворена, како чеп“, рекол медицинскиот експерт.

Повредите од ваков вид се многу ретки во Италија, објавува „Кориере дела Сера“.

„Мозокот е неверојатен“

„Се сеќавам на пациенти со истрели од огнено оружје и убодни рани во главата, што сум ги видел во Америка, но овде е невообичаено“, додаде тој.

Потсетувајќи се на случајот со Финеас Гејџ, кој во 19 век преживеал прободување на черепот со железна шипка, професорот истакнува дека е можно да се случи промена во личноста или когнитивните функции, но се надева на целосно закрепнување на пациентот.

„Мозокот е чудотворен, има способност да ги преземе функциите на оштетените делови. Имаме примери на пациенти по операција на тумор кои почнуваат да зборуваат на друг јазик, како мозокот да притиснал копче“, рече тој.

Засега, состојбата на пациентот е критична, но лекарите веруваат во неговата сила и наука, која ги поместува границите на она што е можно секој ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско, две лица загинаа
Следна Статија Зголемени температури во следните неколку дена, да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Се планира ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар за Скопје, Велес и Куманово

Во план е Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје во регионален центар за болните од Скопје, Велес и…

February 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо отворено да ги искажат своите грижи и чувства,…

August 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вреди: Со СДСМ и Венко Филипче здравството беше во колапс

СДСМ, која некогаш ветуваше "едно општество за сите", денес е само машина за пропаганда која користи лаги и популизам! Под…

February 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје

За првпат во Македонија, жените и здравствените професионалци добиваат Водич кој се базирана на медицина заснована на докази кој на…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?