Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преку апликација ќе ги споредуваме цените во маркетите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Преку апликација ќе ги споредуваме цените во маркетите
ЕКОНОМИЈА

Преку апликација ќе ги споредуваме цените во маркетите

Објавено April 24, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави изготвување софтвер и посебна бесплатна апликација со која граѓаните ќе можат веднаш да прават споредба на цените во маркетите. Како што рече денеска, одговорајќи на пратенички прашања, по воведувањето на мерката трговците јавно да ги објавуваат цените на производите, се покажало дека некои од нив на Владата и „плукаат в лице“. Еден од ланците маркети објавил повеќе од 17 000 артикли на листа од 100 страни со што, рече Мицкоски, „ја вулгаризирал“ мерката. 

Според премиерот, минималната потрошувачка кошничка се намалува. Тој очекува ваквиот тренд да продолжи или барем да се стабилизира, да нема дивеење или девијантно однесување, а ако повторно има, напомена, ќе се донесе соодветна мерка. ДПИ ќе ја следи состојбата.

Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот и економско заживување, најавува мандатарот на идната Влада Христијан Мицкоски, кој денеска од собраниската говор

-За жал, државава како да е депонија на производи. Дел од маркетите и трговците како да имаат изгубено чувство каде стопанисуваат па имаат маржи надвор од нормалните, а не ретко има индиции и за картелско здружување на одредени правни субјекти кои диктираат цени и маржи. Ние анализираме, покажуваме добра волја, сакаме да направиме нешто за граѓаните поради што и донесовме две мерки – ограничување на маржите и објавување на цените. Од она што го видов, се шокирав, но ние сме виновни како Влада. Ќе направиме софтвер и законски измени да мора да го користат софтверот. Сакаме да направиме и апликација за паметните телефони за граѓаните да лоцираат маркети и да направат споредба на цените. Ќе треба време, но ќе направиме се, па да виидме дали така ќе ни плукаат во лице. Има ланец што објавил над 17 000 артикли и ја закачил листата од 100 страни. Со тоа се вулгаризира мерката, но ако така сакаат, така ќе играме. Некои поединци мислат дека се над ова и ни плукаат во лице. Јавното објавување цени е мој приоритет, ќе направиме софтвер и бесплатен локатор за споредба на артиклите, истакна Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија
Следна Статија Претседателката на Антикорупциска нема да смее да оди на работа а остана и без пасош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Повик на Варш за договор помеѓу Федералните резерви и Трезорот предизвика дискусија на обврзничкиот пазар

Кевин Варш понуди повеќе идеи за тоа како би раководел со Федералните резерви за време на својата кампања за позицијата…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

4iG ќе аплицира за фреквенција – почнува планот за инвестиција од над 100 милиони евра

Унгарскиот телекомуникациски оператор „4 ИГ“ наредната недела официјално ќе ја поднесе својата апликација за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. Планот…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите,…

January 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?