Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел

Објавено March 18, 2026 09:47
Сподели
Сподели

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и членот на Извршниот Комитет Стефан Андоновски, од денес и следните два дена во Брисел ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, на којшто се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Мицкоски и делегацијата ќе присуствуваат на свеченоста на Европската народна партија којашто во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината на ова политичко семејство, пет децении централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности.

Присуството на премиерот Мицкоски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир, претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гврдиола: Дадовме сè од себе против Реал
Следна Статија Aко премногу користите вештачка интелегенција ќе страдате од „спржен мозок“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зградите на ФИНКИ и ФФК ќе ги изградиме, но дали ќе имаме за 18 години студенти да ги наполниме

На седницата на Собранието посветена на пратенички прашања во четвртокот, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на изградбата на објектите на…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го чествуваат Свети Василиј Велики, празник кај народот познат како Василица

Денеска е празнува Св. Василиј Велики, како следбеник на Исусовата вера, а ноќеска се прослави празвославна Стара нова година, почетокот…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните

„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?