Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aко премногу користите вештачка интелегенција ќе страдате од „спржен мозок“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Aко премногу користите вештачка интелегенција ќе страдате од „спржен мозок“
ЗАБАВА

Aко премногу користите вештачка интелегенција ќе страдате од „спржен мозок“

Објавено March 18, 2026 10:27
Сподели
Сподели

 Наместо повеќе слободно време и помалку стрес, работата што вклучува употреба на вештачка интелигенција, кај некои вработени лица, предизвикува чувство на преоптовареност и исцрпеност. Имено, истражување на американската консултантска фирма за менаџмент „Бостан консалтинг груп“ (Boston Consulting Group) посочува дека надгледувањето на повеќе ВИ-агенти може да биде речиси исто толку исцрпувачко како и управувањето со тим од луѓе. Тоа води кон феноменот наречен „Спржен мозок“ – умствена исцрпеност од ВИ и од дигиталната технологија.

Кога се наведуваат придобивките од користењето ВИ на работното место, се нагласува сличноста со работата со тим од луѓе на кои можете да им ја препуштите Вашата „здодевна“ работа. Ве ослободува од стратешките размислувања, Ви дава можност да направите подолга пауза за ручек или да си одите дома порано, па и дека, можеби, дури и да бидете попродуктивни, да заработите повеќе пари итн. Но, како што знае секој што имал шеф или бил шеф, менаџирањето е работа што доаѓа со посебен вид стрес и досада. И тоа не се менува ако „луѓето“ за кои станува збор, всушност, не се ни луѓе.

За учесниците во истражувањето на фирмата од Бостон, искуството со надгледување на повеќе ВИ-агенти – самостоен софтвер наменет да извршува задачи, а не само да исфрла информации како четбот, предизвикало акутно чувство на исцрпеност кај луѓето со дадени задачи, терајќи ги да се борат со својата концентрација.

Така, еден од испитаниците вели: „Тоа беше како да имам десетина отворени табови во главата, сите се натпреваруваат за моето внимание. Се најдов себеси како ги препрочитувам истите работи, се прашувам себеси повеќе од вообичаено и станувам чудно нетрпелив. Моето размислување не беше нарушено, туку само придушено од еден вид ментален шум.“

Авторите на студијата тоа го нарекуваат „прекумерна исцрпеност на мозокот од вештачката интелигенција“. Се опишува како ментален замор „од прекумерна употреба или надгледување на алатки засновни на ВИ вон когнитивниот капацитет“, според наводите во „Харвард бизнис ревју“ (Harvard Business Review).

„Спротивно на ветувањето за повеќе време за фокусирање на значајна работа, жонглирањето и мултитаскингот можат да станат белег на работата со вештачка интелигенција. Овој ментален напор поврзан со ВИ доаѓа со значителна цена, во облик на почести грешки на вработените, замор од донесување одлуки и намера за отказ“, се вели во написот.

Минатата есен, извештајот на Harvard Business Review ја документираше појавата на неволја наречена „воркслоп“ (workslop) – бесмислени е-пораки и идеи генерирани од ВИ што на крајот создаваат повеќе работа за луѓето кои мора да го поправат она што ботот го направил погрешно.

– „Бизнис исцрпеноста“ е вид „предавање“ во умот, во коешто работниците се чувствуваат немотивирано, давајќи ѝ ја работата на вештачката интелигенција и не обрнувајќи навистина внимание на исходот, вели психијатарката Габриела Розен Келерман, една од авторките на двата извештаи. – „Спржен мозок“ е речиси спротивното… Тоа е како обид да водите разговор „еден-на-еден“ со ВИ – интелигенција со интелигенција, појаснува таа.

Франческо Боначи, извршен директор на компанијата „Кјуа АИ“ (Cua AI) што развива свои ВИ-агенти, го опиша својот замор од вештачката интелигенција како „парализа на вајб-кодирањето“ (се однесува на трендот во Силиконската долина, за работа на помалку прецизни проекти со ВИ, а не она старото кодирање).

„Секој ден завршувам исцрпен, не од самата работа, туку од управувањето со процесите на работа“, напиша Боначи на „Икс“.

– „Спржен мозок“ е акутно искуство, како што го опишуваат испитаниците… Па, кога ќе направат пауза, тоа исчезнува, вели Келерман.

Секако, дури и технолошките професионалци понекогаш имаат проблеми со управувањето на своите ВИ-асистенти. Како што и Келерман нагласи, наодите од испитувањата, сепак, не се целосно негативни. Она што е за изненадување, е тоа што кај луѓето што доживеале „Спржен мозок“ имало помала веројатност да доживеат обично „прегорување“ (burnout), што се дефинира како состојба на хроничен стрес на работното место – насобрано со текот на времето, што исто така, ги тера вработените да работат лошо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски на конгрес на ЕПП во Брисел
Следна Статија Савески: Нема да има предмети во фиока и селективна правда, сите решаваат човечки судбини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Драма во хотелот на Роналдо во Маракеш: Избувна пожар, а гостите бегаа

Хотелот во Маракеш, сопственост на Кристијано Роналдо, во саботата беше зафатен од сериозен пожар, но благодарение на брзата реакција на…

April 7, 2025
ЗАБАВА

„Ги испуштаме септичките јами во морето, а лежалките чинат 200 евра“: Црногорец објаснува зошто сезоната на Јадранот „пукна“ (ВИДЕО)

Додека едни гледаат полни плажи и барови во текот на викендот, други повеќе се грижат за другите денови од неделата…

July 30, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Во Шведска преместуваат црква од 672 тони поради рудник

Една од најпознатите шведски цркви, Кируна Кирка, буквално го започна своето историско патување. По осум години подготовка, речиси 500 милиони…

August 19, 2025
ЗАБАВА

Брус Вилис повторно во јавност: Фановите воодушевени од една работа (ФОТО)

Брус Вилис се повлече од очите на јавноста откако му беше дијагностицирана афазија и фронтотемпорална деменција, а сега е снимен…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?