Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски на средба со УПОЗ и КСС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски на средба со УПОЗ и КСС
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на средба со УПОЗ и КСС

Објавено February 5, 2026 12:33
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.

Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.

-Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акциите на Nintendo паѓаат по разочарувачки профит, предизвикувајќи загриженост за маржите
Следна Статија ТикТокер се жали на мирисот во салонот на Ер Индија, интернет заедницата реагира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол

Ни капка вода не тече од втори до 19 кат во зградата на МРТВ. Стотици вработени во повеќе државни институции…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

На судењето за „Пулс“: Вработен во „Рубикон“ сведочеше за функционирањето на агенцијата за обезбедување

На денешното судење за случајот „Пулс“ сведочеше Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство

Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава истакна дека најтешките 18-20 повредени во трагедијата во Кочани е можно…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?