Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Објавено August 2, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде се наоѓа заедничка гробница на паднатите востаници во струшкото село Ташмаруништа денеска беа одбележани 122 години од Илинденското востание и 81 година од АСНОМ.

Почит на спомен – обележјата на хероите од илинденската епопеја оддадоа премиерот Христијан Мицкоски, делегации на политичките партии, Сојузот на борци, организации и граѓани.

Зачувувањето на споменот на илинденците, според општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, е свет завет.

Нивното дело мора да остане запаметено во колективната свест, особено денес кога сме жестоко негирани и исправени пред нови предизвици и неправди. Споменот на жртвите нека ни биде ѕвезда водилка, која ќе ни го покаже вистинскиот пат, бидејќи секое скршнување од него не носи кон сѐ пострмни бездни – истакна заменик министерот за правда и претседател на Општинската организација на ВМРО – ДПМНЕ во Струга, Ален Деребан.

Прославата, традиционално почна со звукот на црковните ѕвона, а после панихидата, за присутните беше подготвен и културно-забавен дел.

Во селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска каде во животот го загубиле 27 востаници, а селото било ограбено и запалено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве каде гори во моментов во Македонија
Следна Статија Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ченто со порака до Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?