Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Објавено May 16, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. 

Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. 

Во тие рамки се очекува лидерите да разговараат за безбедноста на Европа, вклучително и поддршката за Украина, европската одбрана, заштитата на демократијата, како и подготвеноста и способноста за одговор на разни закани. 

Покрај ова, на собирот ќе се одржат и три тркалезни маси на високо ниво со осврт на безбедноста и демократската отпорност на Европа, вклучително и на руската агресија на Украина, потоа на зголемување на европската конкурентност и безбедност преку иновации и отпорност, како и на предизвиците во мобилноста и јакнење на младите. 

Во поканата до европските лидери за учество на Самитот, Кошта и Рама посочуваат дека Европа се соочува со историски момент, обележан со повеќеслојни и сложени предизвици. 

– Додека продолжува агресивната војна на Русија против Украина, нејзините последици се чувствуваат далеку надвор од границите на Украина, оптоварувајќи ја нашата безбедност и тестирајќи ја нашата колективна отпорност, се наведува во поканата. 

Во неа се посочува и дека во исто време европските економии се соочуваат со обновени ризици од фрагментација, кои ги поткопуваат воспоставените економски модели и ја тестираат способност на државите во Европа за одржување на растот, отпорноста и конкурентноста.  

– Важен предизвик остануваат и нерегуларната миграција и нејзината инструментализација, кои ги усложнуваат напорите за овозможување безбедна и регулирана мобилност и справување со недостигот на работна сила, се додава во поканата. 

Кошта и Рама натаму посочуваат дека надоградувајќи се на напредокот од претходните самити, Самитот во Тирана ќе обезбеди клучна платформа за подобрување на дијалогот и продлабочување на соработката, со цел претворање на заедничките предизвици во можности за унапредување на заедничките цели. 

На Самитот на ЕПЦ во Тирана е најавено присуство на 47 шефови на држави или влади од Европа. Така, покрај премиерите Мицкоски и Рама, на собирот ќе учествуваат и претставници на сите 27 членки на ЕУ, на земјите од ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), како и на Азербејџан, Андора, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грузија, Ерменија, Косово, Молдавија, Монако, Сан Марино, Србија, Турција, Украина и Црна Гора. 

На Самитот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, како и генералните секретари на НАТО, Марк Руте, на Советот на Европа, Ален Барсе и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Феридун Синирлиоглу. 

Секако, неопходно е да се почитува она што Македонија го оствари и мислам дека е многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Македонија и нејзините соседи.

Во пресрет на денешниот Самит, Кошта синоќа во Тирана организираше вечера за лидерите на шесте земји од Западниот Балкан, на која присуствуваа и Фон дер Лајен и Калас. 

Идејата на Европската политичка заедница е да го олесни дијалогот и соработката меѓу лидерите на континентот за решавање на прашања од заеднички интерес и за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа. Таа не е наменета да замени која било постоечка структура, организација или процес, туку е форум на кој европските земји можат да најдат дополнителен простор за соработка по најважните прашања на континентот. 

До сега се одржаа пет самити на Европската политичка заедница. На првиот Самит во Чешка во дискусијата доминираа прашања поврзани со мирот, безбедноста и енергијата како резултат на војната во Украина, на вториот во Молдавија лидерите се фокусираа на напорите за мир и безбедност, како и на енергетската отпорност, поврзаност и мобилност во Европа, на третиот состанок во Шпанија фокусот беше на обезбедување на поотпорна, просперитетна и геостратешка на Европа, на четвртиот во Велка Британија дијалогот се водеше за одбраната, заштитата на демократијата, за миграцијата, енергијата и за поврзаноста, додека на петтиот Самит во Унгарија лидерите разговараа за безбедносните предизвици на Европа, илегалната миграција, економската безбедност, поврзаноста и односите меѓу ЕУ и САД. 

Следниот Самит на Европската политичка заедница ќе се одржи во Данска во текот на претстојната есен. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија
Следна Статија Маестрален Јокиќ, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Го славиме Соборот на Пресвета Богородица, се посетуваат роднини и пријатели, се веселиме за вториот ден Божик

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица. На вториот…

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. Претешка е судбината на…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од септември за прв пат образовни асистенти ќе има и во основните и во средните училишта

Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?