Премиерот Христијан Мицкоски најави двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари, првото оваа есен, а второто напролет, како дел од планот на Владата пред локалните избори.
Во синоќешното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, Мицкоски истакна дека Владата е сериозно ангажирана во изготвувањето на анализите за зголемувањето и веќе се прават проценки за процентуалното зголемување, обемот на потребните средства и моделот на распределба кон сите пензионери.
Зголемувањето ќе биде 1.000 денари во октомври, а дополнителни 1.000 денари во април. Ова мора да се случи пред распишувањето на изборите, преку закон со скратена постапка или иницијатива од пратеници“, рече Мицкоски.