Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот на бугарската „слаткоречивост“ не ѝ верува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот на бугарската „слаткоречивост“ не ѝ верува
МАКЕДОНИЈА

Премиерот на бугарската „слаткоречивост“ не ѝ верува

Објавено June 17, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од официјална Софија стигнуваат многу различни пораки. По изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев во Тирана во која вели дека не станува збор за вето или блокада, туку за потреба од исполнување на обврските од преговарачката рамка кои земјава веќе ги прифатила, Мицкоски вели дека Бугарите на 24 јуни 25 е имаат прилика на дело да го покажат она што го зборуваат.

Нашите стари рекле помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве имаме таква можност да го покажат тоа што го зборуваат, на 24 јуни на комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент се наоѓа извештајот во кој што очекувам бугарските членови на Европскиот парламент да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или презент, и во рамките на европскиот дух да биде усвоен тој извештај, а потоа и патоказот на малцински права кој што многу скоро ќе биде на дневен ред. Ете, имаат можност тоа што го зборуваат и на дело да го покажат“, рече премиерот Мицкоски денес при посетата на Битола.

Во име на добрососедските односи, премиерот Мицкоски очекува бугарската страна да прифати средба во рамките на состанокот во Хаг, да разговараат и за Коридорот 8 за и таму да тргне работата и овој проект да им биде приоритет.

Бугарскиот претседател, Румен Радев, вчера во Тирана изјави дека нема да има значајни поместувања во однос на евроинтеграцијата на Македонија доколку не се испочитува Преговарачката рамка. Тој нагласи дека Бугарија не поставува нови услови, туку инсистира на целосно спроведување на веќе усвоените договори – како што се Договорот за добрососедство од 2017 година, два билатерални протоколи, и Преговарачката рамка од 2022 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск ги објави резултатите од тестот за дрога
Следна Статија До 10 јули треба да бидат пуштени првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: 118 повредени од пожарот, сите се згрижени, има доволно крвни единици

118 се повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари, по трагичниот настан во…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шилегов откако се дистанцираше од СДСМ, „млати“ пари како адвокат

По завршувањето на мандатот во 2021 година и поразот на локалните избори, Петре Шилегов, тогашниот градоначалник на Скопје, тивко се…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кавадарци доби регионален стационар за згрижување бездомни миленици

Центар за згрижување бездомни миленици денеска официјално беше отворен во населбата Глишиќ во Кавадарци. Во него треба да се собираат…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари

Најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле согласности од Министерство за финансии, конкурсите ќе се…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?