Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари

Објавено December 27, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле согласности од Министерство за финансии, конкурсите ќе се распишуваат во јануари, информира министерот за здравство Арбен Таравари, кој денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар.

– Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие им се продолжени за три месеци, за да не бидат отпуштени. Се работи за голем опфат од околу 1200 лица од среден медицински персонал и тие мора да поминат низ тестирања. Очекувам тоа да биде готово до средината на јануари, рече Таравари.

Тој нагласи дека наскоро треба да се објави и списокот на 315 специјализанти кои ќе одат на специјалзции и дека меѓу нив има 15 студенти по медицина кои покажале најдобро знаење. Таравари ја оцени динамиката со вработувања, како силна и најави дека ќе продолжи, притоа напомена дека ваков обем на вработувања од над 1500 немало досега.

– Мора да ги разгледаме и буџетите на здравствените установи за да видиме каде треба да се инвестира, но сепак фокусот ќе биде човечките ресурси, бидејќи не ни требаат нови болници и опрема без здравствени работници, потенцира Таравари.

Министерот за здравство Таравари на новинарско прашање околу надминувањето проблемот со потпорниот ѕид близу детската клиника во Скопје, одговори дека проектот е изготвен во соработка со општина Центар, со чиј градоначалник имаат одлична комуникација.

– За жал со градоначалничката на Град Скопје немаме баш добра комуникација, а се работи за серизона инвестиција. Тој пат треба да се реконструира и да се направи комплетно нов ѕид. За тој проект во 2024 година немаше пари, а се надевам дека нареднава тој проблем ќе се надмине и нема да биде тесно грло, рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МИЦКОСКИ: Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите на ниво на кое што беа пред покачувањата
Следна Статија Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Груби: Факт е дека не бил чист како солза

Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Проф.Груевска им одговори на албанските интелектуалци: Не може јазик што не го разбираат 75 посто од населението да биде на исто рамниште со македонскиот

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Симона Груевска се огласи за писмото на албанските интелектуалци до…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?