Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ

Објавено December 27, 2024 14:28
Сподели
Сподели

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

 – Од наша страна се преземени сите потребни дејствија во насока на информирање на Јавното обвинителство.

ЈО е известено и писмено и усно во однос на лицето кое го споменувате, но на жалост, јавниот обвинител кој ја водел постапката во рамки на ОЈО ГОКК оценил дека не треба да бара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, иако ако мене лично ме прашате, малку сум вчудоневиден како за лице кое е недостапно за органите на прогон, а е вклучено во рамки на криминал првично на околу 6,5 милиони евра, ЈО не побара таква мерка само за тоа лице.

Инаку, другите сите кои беа поранешни функционери се моментално во притвор, рече Тошковски.

Во однос на случајот со Државната лотарија, министерот потврди дека МВР ќе ја прошири истрагата, бидејќи постојат индиции за повеќе сторени криминали и основани сомненија за конкретни кривични дела кои го оштетиле буџетот на компанијата.

– Во однос на предметното правно лице постојат повеќе индиции за сторени криминали, постојат основи на сомнение многу и исто така многу основани сомненија за конкретни кривични дела коишто го оштетиле буџетот, така што ќе следи јавноста во иднина, ќе ја информираме соодветно во момент кога ќе можеме да ги обзнаниме информациите за јавноста, рече тој.

За инцидентот на Денот на албанското знаме, Тошковски информираше дека Одделот за внатрешна контрола не утврдил дека полицаецот од Куманово, кој го симнал албанското знаме, прекршил било каква стандардна процедура на МВР.

– Беше отворена истрага во однос на предметното лице од страна на Одделот за внатрешна контрола и во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметното лице не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна процедура во рамки на МВР колку што сум информиран.

Подетално може да видиме што е како е понатаму, посочи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари
Следна Статија Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

  Во Демир Хисар синоќа полицијата по наредба на јавен обвинител го претресуваше семејниот дом на директорката на средното училиште,…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вечерва почнуваат обилни врнежи, засилен ветер и пад на температурите

Од Управата за хидрометеоролошки работи, соопштуваат дека од денеска попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?