Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии
ЕКОНОМИЈА

Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

Објавено November 19, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во Собранието истакна дека кога се дискутира за бројки и парите на граѓаните мора да постои прецизност, бидејќи граѓаните од пратениците очекуваат информативен бенефит, што се случува во Македонија и каде се трошат нивните пари, а не на буџетска расправа да се ставаат теми кои не се поврзани со Буџетот.

Пренџов истакна дека во поглед на одбележување на Рамковниот договор, во рамки на Владата тоа постои секоја година и даде уверување дека тоа одбележување ќе биде на истото ниво и повисоко од тоа што било лани или пред 5 години. Пренџов дополни дека за време на владеењето на претходната власт, 7 години се трошеа огромни средства, пари на непродуктивни работи.

„Денеска, најголем дел од прославите се прават во рамки на „Клубот на пратеници“, и нормално е да тоа што е државно чини помалку од тоа што е приватно и кога вие се грижите за народните пари, нормално е да ги оптимизирате трошоците, да има се да биде достојно обележано и тоа да ги чини сите нас граѓаните помалку. Сите работи ќе си бидат испочитувани, изорганизирани на највисоко ниво“, рече Пренџов.

Пренџов, во понатамошниот дел од своето излагање упати апел да не се поистоветува спортот и наводните меѓуетнички тензии, при што истакна дека секоја држава и секоја нација треба да вложува во младите и спортот и укажа дека е поразително поранешен вицепремиер и актуелен пратеник да се обидува да го поистоветува спортот со меѓуетнички тензии.

„Јас немам проблем вие да побарате амандмани за било што, тоа е нормално тоа е демократија. Јас немам проблем да разговарате со граѓани коишто имаат реални потреби и тие реални потреби на граѓаните да ги артикулирате низ амандмани и овдека да ги дискутираме, но е нечесно да кажете на Македонија не и треба спорт, два пати тоа го спомнавте“, појасни Пренџов.

Пренџов, на крајот од своето излагање укажа дека во Македонија ќе има и спорт и одбележување на сите настани коишто ја одбележуваат Македонија, преку оптимизација на трошоците, бидејќи домаќинското и одговорно работење е императив на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора
Следна Статија Секој десетти човек над 40 години има ХОББ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Во интервју за Катимерини, вицепремиерот и министер за транспорт на Македонија, Александар Николоски, ја истакна посветеноста на земјата за посилна…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Злато доживува најдобра година од времето на претседателот Џими Картер

Иднинските договори за злато забележуваат импресивен раст во 2025 година

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. Согласно податоците за…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра

На денешното емитување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?