Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат
ПОЛИТИКА

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Објавено May 13, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да видиме колку од високите владини функционери и други функционери, директори ќе му веруваат и ќе одлучат да играат согласно неговите лични интереси и ќе поднесат оставки од позициите.

Во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Пренџов посочи дека ваквата одлука Таравари ја донесе со мал дел на луѓе околу него за нивни лични интереси, затоа што граѓаните ги гласаа за реформи и за да го средуваат хаосот кој го направиле ДУИ.

Она што за мене е клучно е прашањето, кои што, исто така во поглед на оваа политичка егзибиција од страна на Таравари и многу мал дел околу него луѓе, оваа одлука која што му е донесена е колку од високите владини функционери и други функционери, директори ќе одлучат да играат согласно личните интереси на Таравари. А, колку ќе одлучат да својот мандат доследно го испочитуваат, којшто им е даден од граѓаните им е даден со цел да прават реформи и да ги поправаат грешките на ДУИ. Хаосот и криминалот којшто ДУИ го остави во институциите. Тоа останува да видиме на времето, бидејќи секое прејудицирање ќе биде несериозно“, истакна Пренџов.

Во однос на Европската Унија, Пренџов посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ не е променет и тој го знае секој еден граѓанин во државата, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени во којшто Македонија и Македонците ќе бидат понижени од страна на нашиот источен сосед и воедно најслаба и најмалку почитувана држава во Европската Унија.

Во поглед на Европската Унија, нашиот став е непроменет и вие тоа многу добро го знаете. Ист како што секој знае, дека ако ние со 44 пратеници сме кажале дека уставни измени во којшто Македонија и Македонците ќе бидат понижени од страна на нашиот источен сосед, воедно најслаба и најмалку почитувана држава во Европската Унија, Бугарија за нас тоа не може да се случи. Со 58 пратеници, претпоставувам дека друг одговор не може да се очекува и со нас секој еден граѓанин изминатите четири години, откако тоа се случи, откако Бујар Османи на еден подол начин отиде во Бугарија и на сите нас, не само на Македонците, што живееме во Македонија ни ја затвори европската перспектива со потпишување на нешто што никогаш не може да се оствари“, рече Пренџов.

Обраќајќи му се на пратеникот од Алијанса на Таравари, Халил Снопче, Пренџов посочи дека ќе видиме на крајот на денот што навистина се случувало и кои биле вистинските мотиви за ова што сега Таравари и тие околу него го зборуваат и прават.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Крис Велики“, вели за Павловски италијанскиот бизнисмен и научник Паоло Ардоино кој е во Скопје
Следна Статија Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг

На градскиот плоштад во Куманово, вчера Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски најави голема генералка за почисто Скопје

Кандидатот на градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски најави голема генерална на главниот град доколку на локалните избори…

July 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака

Тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака. Не е јасно како по којзнае кој…

December 17, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?