Зоран Витанов кој во изминатиов период е актуелен поради ситуацијата со компаниите „MyWorld“ и Лајконет, откако „МајВорлд“ отиде во стечај. Витанов е помал акционер во „Мај Ворлд“, која е сопственик и на „Лајконет Австрија“, неодамна ја потврди информацијата за стечајот.
Деновиве, во Фејсбук коментари се „пецнаа“ со познатиот адвокат Јанаки Митровски.
Најпрво преписката меѓу двајцата започна во коментари, па подоцна Витанов објави и Фејсбук статус.
Во коментарите, Јанаки му напиша на Витанов: „Зоран ти си цар. Ги превесла луѓево и сега си ги бушиш. Така и треба за лековерници кои веруваат дека може да купат јахта во Монако од cashback“. На тоа Витанов возврати со: „ЈанакиЗнае ако не се лажам, вие сте адвокат. Не критикувајте нешто што не сте го разбрале. Пред да претпоставите измама, претпоставете си сопствено незнаење“.
Адвокатот подоцна во друг коментар додаде дека никаде не напишал измама, на што Витанов повторно возврати со „Одлично. Тоа сакав да слушнам“.
По преписката, Зоран Витанов објави скринсшот и во натписот на објавата напиша:
„Кога нешто не разбираш, не обвинувај – прашај; знаењето гасне сомнежи, незнаењето раѓа навреди.
Запомнете: 1)злобните и завидливите шират невистини, 2)будалите веруваат, а 3)најглупавите ги пренесуваат понатаму.
Кога адвокати клеветат по социјални мрежи, наместо да го процесираат тоа што го зборуваат, кога новинари свесно шират лаги за вас, а не ви се јавиле да ве прашаат, јасно е дека СВЕСНО МАНИПУЛИРААТ, а вас ве обвинуваат за манипулација. КРАДЕЦОТ ВЕЛИ ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ! Дали сега ви е јасно зошто хигиената во општеството ни е таква, особено менталната?“, напиша Витанов.