Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 
ЗАБАВА

Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 

Објавено February 22, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак Стабингс.

Стабингс го обучуваше принцот за време на неговата служба меѓу 2010. и 2013 година. Тој почина на 47 години, по децениска битка со рак којшто ги зафаќа крвта и коскената срцевина. Неговата смрт предизвика загриженост за здравствените опасности поврзани со поголемата изложеност на отровни издувни гасови од воените хеликоптери, вклучувајќи го и „Морски крал“ (Sea King) што Вилијам го пилотираше за време на неговата обука.

Загриженоста е дотолку поголема оти кралското семејство веќе се соочува со две битки со ракот. Имено, кралот Чарлс и сопругата на Вилијам, Кетрин – Кејт Мидлтон со месеци се лекуваат од таа болест. Мидлтон неодамна откри дека ракот кај неа е во ремисија, по шесте месеци хемотерапија.

Според наводите, принцот е подложен на медицински прегледи како мерка на претпазливост, за да се исклучат какви било болести потенцијално поврзани со неговата воена служба.

По сѐ, изгледа дека Монархијата сака да избегне „троен удар“ на рак во самиот врв на кралското семејство. Смртта на Стабингс, исто така, повторно ја актуелизира можната правна постапка против Британската армија. Многу поранешни вработени кои управувале со истите хеликоптери страдале од различни облици на рак – на белите дробови, грлото и на тестисите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
Следна Статија Се појави видео од аеродромот во Доха кое ги загрижи фановите на Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Конечно да не се резилиме: Се заштитува „Македониумот“ во Крушево од протекување

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со…

July 21, 2026
ЗАБАВА

Тесла опишал што би можело да ни се случи до 2035 година

Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20. век, не бил само иноватор, туку и вистински визионер чија визија за…

April 26, 2025
ЗАБАВА

Набљудувал птици, па случајно нашол богатство: Несекојдневна приказна од Велика Британија

Човек налетал на древни келтски монети додека набљудувал птици. Според извештаите, се верува дека монетите датираат од периодот кога кралицата…

October 20, 2024
ЗАБАВА

Оваа земја ги казнува „телефонските зомби пешаци“: Казни до 200 евра за невнимателна употреба на мобилните телефони при одење

Доколку се најдете во оваа европска земја и притоа невнимателно зјапате во мобилниот телефон додека одите, покрај потенцијалната повреда, може…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?