Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман
ХРОНИКА

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

Објавено October 7, 2025 15:22
Сподели
Сподели

После добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, извести Обвинителството.

„Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.

На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот, велат од Обвинителството

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да одлучуваш кој ќе влезе во ЕУ
Следна Статија Ковачки: ОЈО ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека ќе се заборави на злоупотребите на службите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поднесено обвинение за 16 лица во предметот „Премин“: Цариници на Дојран и Ново Село примале поткуп, еве колку пари се пронајдени

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Пожар во скопско Злокуќани – се запали куќа, во огнот се зафатени уште три

Нешто по 20 часот вечерва, на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во куќа на…

July 13, 2025
ХРОНИКА

Прегазена скопјанка, со тешки повреди пренесена на Клиника

На 27.11.2024 во 08:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?