Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Силјановска Давкова на иста маса со Макрон, Стармер и кралицата на Данска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Силјановска Давкова на иста маса со Макрон, Стармер и кралицата на Данска
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Силјановска Давкова на иста маса со Макрон, Стармер и кралицата на Данска

Објавено October 2, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Зајакнувањето на Украина, општата состојба со сигурноста во Европа и перспективите за посилен и побезбеден европски континент во тековната геополитичка реалност ќе бидат клучни теми на денешната средба на Европската политичка заедница во Копенхаген, на која ќе присуствува и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Овој седми собир на Европската политичка заедница ќе отпочне со пленарна сесија, по што ќе следат дискусии во рамки на неколку панели, насочени кон различни аспекти од безбедносната ситуација во Европа, како што се традиционалните и хибридни закани, економската сигурност, трговијата со дрога и миграцијата.

– Задоволство беше да бидам во друштво и да поразговарам со францускиот претседател Емануел Макрон, кралицата Мери Елизабет, бугарскиот премиер Росен Жељасков, британскиот премиер Кир Стармер, со претседателот на Литванија и со премиерите на Финска и на Малта.

Ветувачки почеток во пријателска атмосфера и плоден разговор пред утрешните дискусии на коишто ќе ги претставам македонските позиции, согласно со нашите национални интереси, напиша Силјановска Давкова во официјалната објава на ФБ.

На самитот е предвидено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, односно 27-те членки на ЕУ, шесте земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, четирите членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), трите кавкаски републики, како и Андора, Велика Британија, Молдавија, Монако, Сан Марино, Турција и Украина.

Дополнително, на состанокот се поканети и премиерите на данските територии Гренланд и Фарски Острови, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претставници на ОБСЕ и Советот на Европа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)
Следна Статија Падна првиот снег во Македонија (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

101 година од убиството на Тодор Александров

На 31 август 1924 година кај селото Лопово, на Пирин Планина, е убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали парите од ЕУ за Македонија со Планот за раст ќе стигнат побрзо?

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан…

January 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања

Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?