Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа
СВЕТ

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа

Објавено May 18, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа изјави дека е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа, поради проширената израелска офанзива, и повика на прекин на насилството.

„Шокиран сум од вестите од Појасот Газа. Цивилите гладуваат, болниците повторно беа погодени во воздушни напади. Насилството мора да престане“, напиша Кошта на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека израелската Влада „мора веднаш да ја прекине блокадата и да обезбеди безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“.

Израелските власти вчера објавија дека ја прошируваат својата офанзива за поразување на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, и покрај зголемените меѓународни повици за прекин на огнот по 19 месеци разорна војна.

„Тоа што се случува во Газа е хуманитарна трагедија. Целата нација е изложена на огромна и непропорционална воена сила. Трајно прекинување на огнот и итно и безусловно ослободување на сите заложници се поитни од кога било“, рече Кошта.

Од Багдад, каде што учествува на самитот на Арапската лига, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „вознемирен од плановите на Израел за проширување на своите копнени операции“.

Гутереш повторно повика на траен прекин на огнот и прекин на израелската блокада на хуманитарна помош за Газа, воведена на 2 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Регистриран земјотрес во Македонија
Следна Статија Цените на недвижностите во Европа експлодираа: Еве каде становите станаа дури 17 пати поскапи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот…

October 18, 2024
СВЕТ

Уапсена позната калуѓерка поради соработка со италијанската мафија

Италијанската полиција уапсила калуѓерка која работела со затвореници и 24 други лица како дел од истрагата за мафијашката група „Ндрангета“…

December 5, 2024
СВЕТ

Хамас ги предаде телата на двајца починати израелски заложници

Израелската армија денес објави дека Хамас му ги предал на Црвениот крст телата на двајца починати заложници кои претходно биле…

October 13, 2025
СВЕТ

Папата прогласи 15-годишно момче за светец, ова е неговата приказна

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?