Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото, смета Минчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото, смета Минчев
МАКЕДОНИЈА

Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото, смета Минчев

Објавено February 9, 2026 12:33
Сподели
Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ во дневник на Сител телевизија изјави дека законското решение за изменување на Законот за Влада, со кое се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓа во завршна фаза.

Министерот истакна дека процесот се водел транспарентно и инклузивно, со активно вклучување и на опозициските политички партии.

„На лидерската средба ова прашање беше отворено како една од главните теми. Иако постоеја различни ставови, ние постапката ја водевме максимално транспарентно, со можност и опозицијата да учествува во креирањето на законското решение“ изјави Минчев.

Тој појасни дека нацрт-верзијата на законот била доставена до сите координатори на пратеничките групи во Собранието, со рок за доставување забелешки и сугестии, дел од кои биле прифатени.

„Прифатени се забелешките на опозицијата, односно барањата на СДСМ, дополнителните министри да бидат распределени во ресорите кои тие ги предлагаа“ нагласи министерот.

Како компромисно решение, прифатено е техничката влада да важи уште за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни, а потоа целосно да се укине.

Министерот потенцираше дека предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа.

„Овој закон се носи со 61 пратеник и без бадентерово мнозинство. Сметаме дека 100-те дена техничка влада сериозно го кочат интензитетот на реформите. Пржинската влада беше воведена во 2016 година за обезбедување фер и демократски избори, а по повеќе изборни циклуси со позитивни оценки, сметаме дека го исполни својот мандат и треба да остане во минатото“ заклучи Минчев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андреј Арловски триумфира во борба без ракавици
Следна Статија Извршниот директор на ‘Вашингтон пост’ поднесе оставка после масовните отпуштања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Државата го доби случајот „Казандол“, заштедени 115 милиони евра

Николоски соопшти и дека државата го добила случајот „Казандол“. Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Успешни Македонци претприемачи придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на САД, по повод 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации,…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец

Министерот за локална самоуправа Златко Перински останува на својата амбиција да биде потенцијален кандидат за градоначалник на Скопје од редовите…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?