Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Објавено May 17, 2025 21:05
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на постигнатиот договор со Велика Британија.

Она што можеби не е познато за јавноста, е дека Велика Британија ваков договор нема со никој во цела Југоисточна и Источна Европа, потенцираше Николоски додавајќи:

„Значи Македонија ќе е прва држава со која што Велика Британија ќе потпише договор за стратешка соработка и мислам дека тоа е една јасна политичка порака. Позицијата на Македонија како раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8, кои што се пресекуваат токму во Македонија е геостратешката положба која што ние треба да сме паметни и да ја искористиме и мислам дека на најдобар начин ја правиме со овој договор“.

Николоски информираше дека со Велика Британија се постигнати два договори, едниот договор е за стратешко партнерство помеѓу Велика Британија и Македонија, а вториот како што рече е договор кој што е уникатен.

„Првиот е Договорот за стратешко партнерство кој што ги одредува политичките контури на соработката и во него има глобална соработка, соработка во делот на одбраната и безбедноста, соработка во делот на миграциите, во делот на реформите во правосудството, борба со организиран криминал и корупција, економска соработка и развој, млади, култура, образование, добро владеење и правосудство. Тоа е оваа политичка соработка и тоа е едниот договор. Вториот договор кој што е уникатен и кој што ќе е најголем договор, кој што Велика Британија во финансиска смисла го постигнала со било која земја од Европа, е договорот Влада со Влада, помеѓу Велика Британија и Македонија, кој што точно ги утврдува секторите на соработка и јасно вели во членот 1, дека ќе се воспостави партнерство за поддршка, да се испорачаат инфраструктурни проекти, проекти во здравството, проекти во транспортот, технологијата, енергијата и останатите критични сектори. Понатаму во членот 3 од истиот договор, се вели дека Владата на Обединетото Кралство, преку својот механизам, кој што се вика надворешно финансирање, става на располагање лимит од 5 милијарди фунти за Македонија, што во превод значи некаде околу 6 милијарди евра“, информираше ексклузивно за Тв Сител, вицепремиерот Николоски.

Според Николоски тоа е рамката која што ние можеме да ја користиме со ова партнерство.

„Но, она што е исто така за мене многу значајно, вели дека ќе се разменуваат и знаење и најдобри практики, кои што ќе ги носат кај нас, научници од Велика Британија, бизнисмени, луѓе од јавната администрација, луѓе од здравството, од образованието“, додаде Николоски.

Она што е важно е дека со овие договори Македонија ќе се трансформира.

„Значи овие два договори треба целосно Македонија да ја трансформираат и да ја однесат на едно друго ниво. Ова не е договор само како што денес беше прокоментирано, за позајмување или за кредит, ова е договор кој што Македонија треба целосно да ја трансформира како општество, треба целосно да ја трансформира како држава, со цел не само да се зголеми животниот стандард, туку и целокупно условите за живот се подобрат. Не случајно за старт ги одбравме двата најбитни сектори, едниот е транспорт и вториот е здравство, за кој што веќе имаме договори“, потенцираше Николоски.

Тој се осврна и на рамката на договорите.

„Во однос на рамката која што ја имаме, тоа е рамка која што е на неограничен временски период. Значи никој не вели до тогаш мора да ги искористите овие средства, и е рамка која што не значи дека сите средства ќе бидат искористени, туку соодветно на потребите кои што Македонија ги има. Во моментов имаме спремни проекти за некаде околу две милијарди фунти, што би било некаде околу 2,2-2,3 милијарди евра, и тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме во периодот кој што е пред нас“, вели вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ќе била во ЕУ
Следна Статија Бројни поплаки: Граѓани рано утрово останаа без електрична енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Обраќање на премиерот Мицкоски на Форумот на повратници во државата

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на Форумот на повратници во државата при што ќе има свое обраќање. https://www.youtube.com/watch?v=MTJZY217kbk

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова зборуваше со Зеленски: Најавен Самит „Украина – Југоисточна Европа“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Во разговорот претседателот Зеленски ја…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нема да ги поддржиме законските измени за „Безбеден град“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повтори дека пратеничката група на социјалдемократите во Собранието нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?